Активности



Среда, 9 септември 2009 година

Исланд доби прашалник за членство во ЕУ

Комесарот за проширување на Европската унија, г. Оли Рен, на Владата на Исланд ѝ предаде прашалник за членство. Документот содржи 2000 прашања, кои Исланд треба да ги одговори до 16 ноември, а кои се основа за извештај до Советот на Европа.

„Добивањето на прашалникот означува нова фаза за Исланд во намерата да стане полноправен член на ЕУ”, изјави исландскиот премиер Јохана Сигурдардотир.

По финансиската криза која силно го зафати Исланд, земјата реши да стане дел од Унијата. На 23 јули годинава, оваа нордиска земја и официјално поднесе молба за членство, кое очекува да се реализира во 2012 година.

Click