Активности



Четврток, 23 јули 2009 година

Исланд официјално аплицираше за членство во Европската унија

Министерот за надворешни работи на Исланд, г-дин Осур Скарфединсон, на свечена церемонија во Стокхолм, официјално ја предаде апликацијата за членство на неговата земја во Европската унија. Апликацијата ја прими г-дин Карл Билт, шеф на дипломатија на Шведска, која председава со Унијата.

„Денеска сум задолжен со историска мисија официјално да ја врачам кандидатурата на Исланд за присоединување кон ЕУ“, рече г-дин Скарпхединсон.

Според него, и Исланд и ЕУ ќе имаат корист од членството, посебно во областите на обновувањето на енергетските извори, екологијата, климатските промени и безбедноста на храната. Во преговорите за присоединување, риболовот секако ќе биде посебно важно прашање за Исланд.

„Сметам дека исландската кандидатура ќе ја зацврсти северната димензија на Европа“, рече г-дин Карл Билт, кој изрази задоволство што уште една нордиска земја е на пат кон Европската унија.

По финансиската криза која силно го зафати Исланд, Парламентот на оваа земја минатата седмица изгласа да аплицира за прием во ЕУ, но тоа ќе мора да биде потврдено на референдум, а неопходно е и ЕУ да го прифати членството.

Владата на Исланд се надева дека земјата ќе стане членка на Унијата во 2012 година.

Click