Активности



Вторник, 28 јули 2009 година, Комисија за економски прашања

Јавна расправа во врска со текстот на Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2008 - 2020

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на 27 јули 2009 година организираше јавна расправа во врска со текстот на Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2008 - 2020 година.

Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти преку своите дискусии да изнесат согледувања за состојбите на енергетиката и проблемите со кои се соочува државата во енергетскиот сектор.  

Воведен збор и презентација на Нацрт-стратегијата даде академик Глигор Каневче, кој всушност е еден од авторите во нејзиното изготвување и раководител на групата автори на истата.

Во текот на расправата, учесниците изнесоа свои предлози, мислења и забелешки во насока на подобрување на енергетиката во Република Македонија.

Претседателот на Комисијата, г-дин Љубисав Иванов Ѕинго, истакна дека изработките на стратегиите претставуваат тежок процес и бараат големи знаења, интензивност и креативност. Г-дин Иванов кажа дека после една ваква широка расправа, анализирајќи ги сите укажувања, сугестии, идеи и нови сознанија, разликите се намалуваат и доаѓа до една квалитетна и силно изготвена стратегија за енергетиката во Република Македонија.  

Учесниците во јавната расправа ја поздравија иницијативата на Собранието на Република Македонија и на Комисијата за економски прашања за организирање на ваков вид расправа и беа едногласни дека ваков вид на расправи во иднина треба да се организираат.

Click