Активности



Четврток, 27 август 2009 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за државните службеници

Националниот совет за евроинтеграции организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници. Образложение за причините за донесување на измените и дополнувањата на Законот даде министерот за правда Михајло Маневски.

Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да ги претстават согледувањата за состојбата во Република Македонија во областа на државната администрација, како и по однос на текстот на одредбите од Предлогот на законот.

На јавната расправа со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, проф. д-р Борче Давитковски, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, потпретседателот на Советот, Силвана Бонева, Кенан Хасипи, член на Советот, проф. д-р Мерсел Биљали, проф. д-р Ана Павловска Данева, проф. д-р Темелко Ристовски, Методија Димовски, генерален секретар на Агенцијата за државни службеници, Лилјана Поповска, Владо Бучковски и Васко Шутаров, пратеници во Собранието, Лидија Димова, претставник на Македонскиот центар за европско образование, Милан Живковиќ, претставник на Сојузот на синдикатите на Македонија и Зоран Ангеловски, претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство.



Click