Активности



Вторник, 4 август 2009 година, Национален совет за евроинтеграции

Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси

Национален совет за евроинтеграции на 31 јули 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси.

Образложение на причините за донесување на законот и објаснување на содржината на одредбите даде министерот за правда Михајло Маневски.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г-дин Васко Наумовски, истакна дека предложените измени на Законот се согласно препораките на Европската комисија, Оценската мисија СИГМА и експертите од Инструментот TAIEX, во насока на зголемување на опфатот на законот во однос на државните службеници и лицата со посебни должности и овластувања. Со законот ќе се воспостави поконзистентен пристап, се прошируваат ограничувањата за службените лица по напуштањето на должноста, се воведуваат прекршочни одредби кои ќе придонесат кон избегнувањето на судирот на интереси.

На јавната расправа со свои дискусии, предлози и коментари учествуваа Силвана Бонева, потпретседател на Националниот совет за евроинтеграции, Кенан Хасипи, член на Советот, Мирјана Димовска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција, пратениците Јани Макрадули, Емилијан Станковиќ, Весна Бендевска и Васко Шутаров, како и претставникот на Стопанската комора на Македонија, Ацо Спасовски.

Учесниците на јавната расправа ја поздравија иницијативата на Националниот совет за организирањето на јавната расправа, а во текот на истата беа изнесени предлози и забелешки за подобрување на одредбите на предлогот на законот.

Click