Активности

Вторник, 22 декември 2009 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за авторското право и сродните права

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за авторското право и сродните права. Образложение за причините поради кои се подготвува нов текст на закон за авторските права и сродните права даде г-ѓа Олгица Трајковска, претставник на Министерството за култура и раководител на Сектор за авторски и сродни права

.

Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да изнесат согледувања за состојбата во Република Македонија во областа на остварување на правото на интелектуалната сопственост, за заштитата на авторските и сродните права.

На Јавната расправа, со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки, учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Филип Стојановски, претставник од Фондацијата Метаморфозис, г.Слободан Беличански, претставник од Советот за радиодифузија, г.Андон Давчев од Здружението на фоторепортери, г. Бодан Арсовски, претставник на Македонската музичка индустрија, г.Роберто Беличанец, претставник на Центарот за развој на медиумите, г. Валентин Пепељуговски, адвокат и г.Васко Шутаров, пратеник и заменик-претседател на Комисија за култура.

Учесниците ја поздравија иницијативата на Националниот совет за евроинтеграции за организирање на Јавната расправа како и донесувањето на нова законска регулатива, при што изнесоа предлози за подобрување на одредбите од работната верзија на законот, во насока на поквалитетно и поефикасно остварување на правото на интелектуалната сопственост.

поканапредлог на законзаклучоцистенографски белешки

Click