Активности



Вторник, 14 јули 2009 година

Јержи Бузек - нов претседател на Европскиот парламент 
 
Поранешниот полски премиер и член на Европската народна партија, г-дин Јержи Бузек, е избран за нов претседател на Европскиот парламент. Уште на првото гласањето на конститутивната седница на Европарламентот во Стразбур, г-дин Бузек доби 555 гласови, додека вториот кандидат за оваа функција, Ева Брит Свенсон, од Конфедеративната група на Европската обединета левица - Северна зелена левица освои 89 гласа.

- Ова е голем предизвик и огромна чест. Човековите права ќе бидат приоритет, изјави г-дин Јержи Бузек, кој го наследува досегашниот претседател, г-дин Ханс-Герт Петеринг.

Со победата, г-дин Бузек стана првиот европратеник од поранешна комунистичка земја, којшто ќе претседава со Европскиот парламент.

Тој беше единствениот кандидат на најголемата политичка сила во Европскиот парламент – Европската народна партија за местото претседател на ЕП.  Роден е на 3 јули 1940 година во градот Смиловице, кој денеска се наоѓа на територијата на Чешката Република. Г-дин Бузек е професор по технолошки науки и универзитетски предавач. Во својата политичка кариера беше премиер на Полска од 1997 до 2001 година. На 13 јуни 2004 година беше избран за европратеник со рекорден број на гласови.

Click