Активности

Вторник, 22 септември 2009 година, Њујорк

Климатски самит на ОН

Над сто шефови на држави денеска ќе земат учество на Климатскиот самит на Обединетите нации во Њујорк. Целта на Самитот е да се унапредат преговорите за постигнување на ефективен, научен и глобален договор за климата на Конференцијата во Копенхаген во декември.

Самитот претставува форум каде лидерите ќе можат да расправаат за основните прашања, да најдат заедничко тло и да им дадат насоки на  преговарачите.

Генералниот секретар на ОН, г. Бан Ки Мун, соопшти дека тоа ќе биде најголемата средба од ваков тип.

По Самитот за климата, од утре ќе се дебатира на традиционалната генерална дебата. Министрите за надворешни работи од целиот свет ќе дискутираат околу договорот за стопирање на тестови за атомско оружје, а Генералното собрание ќе се занимава и со последиците од финансиската криза.
Click