Активности



Среда, 27 мај 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата

Комисијата за европски прашања го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (Прво читање). На седницата беше потенцирано дека со донесувањето на законот, една ранлива категорија, како што се децата, ќе биде законски заштитена, за што се обезбедени и средства во републичкиот буџет.

Беше изразено задоволство поради предложените решенија во законот, пред сe поради вградувањето на Одлуката на Уставниот суд, со кои се обезбедува еднакво право на  родителски додаток на целата територија  на Република Македонија, без разлика на етничката припадност, што не беше случај со претходните решенија  во законот.

Комисијата едногласно заклучи дека Законот за изменување и дополнување на  Законот за заштита на децата е прифатлив за понатамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Click