Активности



Вторник, 3 ноември 2009 година

Четврта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците, на 30 октомври 2009 година (петок), ја одржа Четвртата седница со дневен ред - Презентација на г.Абдулаќим Адеми, заменик-претседател на Владата на Република Македонија, во врска со целите и функциите на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, како и за нивото на спроведувањето на Рамковниот договор и состојбата на правичната и адекватна застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Покрај претседателот на Комитетот Џеват Адеми, Ќенан Хасипи, заменик-претседател и членовите на комитетот, на средбата присуствуваа и амбасадорот на Кралството на Велика Британија и Ирска во Скопје Н.Е. Ендрју Ки, претставници на амбасадата на САД во Скопје Ман Кинер, политички советник и Адриан Исамаили асистент, претставници на  Мисијата на ОБСЕ во Скопје Кјетил Инсане и Беар Граждани, политички советници, претставници на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, Мат Фил, политички советник и Барбара Драговиќ, политички  асистент, претставник на Канцеларијата за врски на НАТО Бриџит Тразов, шеф на политичката канцеларија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Рафис Алити и други пратеници.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, г.Абдулаќим Адеми даде детална презентација за исполнување на целите и функциите на Секретаријатот и, исто така, објасни дека оваа година се вработени 1260 припадници на етничките заедници од кои 860 имаат добиено решенија за вработување, а се очекува да се вработат уште 400 државни службеници до крајот на годината. Една од тешкотиите на Секретаријатот во врска со имплементација на принципот на соодветна и правична застапеност е немањето на реална претстава за состојбите во институциите - корисници на буџетски средства.

Претседателот на Комитетот, г.Џеват Адеми, изнесе мислење дека има добра волја за целосна имплементација на Рамковниот договор и дека ваквите дебати се многу корисни и, исто така, напомена дека е потребна побрза и поефикасна имлементација на Законот за употреба на јазиците што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија, бидејќи тоа е во полза на сите граѓани.

На седницата беа искажани позитивни мислења за функционирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците и за работата на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, меѓутоа имаше и предлози за унапредување на нивната работа и за позадоволителни резултати во работењето.

Click