Активности



Вторник, 21 јули 2009 година

Комплетиран изборот на претседатели и потпретседатели на Комисиите на Европарламентот

Откако во четвртокот Европскиот парламент на Конститутивната седница во Стразбур избра претседатели и потпретседатели на дванаесет комисии, на вчерашната седница го докомплетира изборот на преостанатите комисии, како и на две поткомисии, за идниот 2,5 годишен мандат.

Комплетен список на претседатели на Комисиите и поткомисиите на Европскиот парламент:

- Комисија за развој – Ева Џоли од Франција, член на Коалицијата на Зелените и Европската слободна алијанса;

- Комисија за контрола на буџетот – Луиџи де Магистрис од Италија, член на Партија на либералите и демократите за Европа;

- Комисија за транспорт и туризам – Брајан Симпсон од Велика Британија, член на Партијата на социјалистите и демократите;

- Комисија за регионален развој – Данута Хубнер од Полска, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за земјоделство – Пауло де Кастро од Италија, член на Партијата на социјалистите и демократите;

- Комисија за рибарство – Кармен Фрага Естевес од Шпанија, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за култура и образование – Дорис Пак од Германија, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за уставни прашања – Карло Касини од Италија, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за надворешни работи -  Габриеле Албертини од Италија, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за меѓународна трговија – Витал Мореира од Португалија, член на Партија на социјалистите и демократите;

- Комисија за буџет – Ален Ламасур од Франција, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за економски и финансиски прашања – Шенон Бовлс од Велика Британија, член на Партија на либералите и демократите за Европа;

- Комисија за труд и социјална политика – Первенш Бере од Франција, член на Партијата на социјалистите и демократите;

- Комисија за екологија, јавно здравство и безбедност на храна – Џо Лејнен од Германија, член на Партија на социјалистите и демократите;

- Комисија за индустрија, истражување и енергетика – Херберт Реул од Германија, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Комисија за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите – Малколм Харбор од Велика Британија, член на Партијата на конзервативците и реформистите;

- Комисија за правни прашања – Клаус-Хејнер Лехне од Германија, член на Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи;

- Комисија за граѓански слободи, правда и внатрешни работи – Фернандо Лопес Агилар од Шпанија, член на Партијата на социјалистите и демократите;

- Комисија за правата на жените и еднаквост меѓу половите – Ева Брит Свенсон од Шведска, член на Партијата на Обединета европската левица/Нордиска зелена левица;

- Комисија за петиции – Ерминија Мацони од Италија, член на Европската народна партија (Демохристијани);

- Поткомисија за човекови права – Хајди Хаутала од Финска, член на Коалицијата на Зелените и Европската слободна алијанса;

- Поткомисија за безбедност и одбрана – Арно Данжан од Франција, член на Европската народна партија (Демохристијани).

 

Click