Активности



Петок, 11 септември 2009 година, Совет на Европа

Конференција во Париз за човековите права и демократијата

Како да се заштитат човековите и законодавните права во услови на рецесија и постконфликтни ситуации во некои делови на Европа што претставува закана за нарушување на општите заеднички вредности, како може да се комбинира културната шареноликост со цел почитување на секого и секаде, дали Стариот континент е пример за вредност пред останатите континенти – ова се само дел од прашањата на кои ќе се расправа на Конференцијата во Париз.

Во француската метропола, во три работни групи на Конференцијата учество ќе земат личности од сферата на политиката, граѓанското општество и академската заедница од цела Европа.

Советот на Европа, кој е основан во повоениот период пред шеесет години со цел консолидација и поттикнување на демократија, човекови и законодавни права, денеска се соочува пред нов предизвик за проширена Европа до 47 земји.

Денешната раправа на Конференцијата во Париз ќе придонесе во подготовката на извештај за иднината на Советот на Европа, за што ќе се расправа на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 28 септември до 2 октомври.

Click