Активности

Понеделник, 19 октомври 2009 година

Конференција за поддршка на проширувањето на ЕУ

Шведска, како претседавач со Европската унија и Европската комисија денеска ќе одржат заедничка конференција за поддршка на проширувањето на ЕУ. На конференцијата ќе се расправа за финансиската помош која Унијата преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) им ја дава на земјите-кандидатки за членство во Унијата (Македонија, Хрватска и Турција) и потенцијалните земји-кандидатки (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) со цел да им помогне во плаќањето на реформите со кои ќе се приближат до ЕУ стандардите.

Конференцијата ќе се фокусира на улогата на овие земји во придонесот за поефективно користење на средствата и за она што може да се направи за подобрување на проектирањето и планирањето на ИПА.

„Европската комисија го претстави својот пакет на проширување на 14 октомври, така што ова е многу пригодно време за расправа која ги поврзува сите аспекти на проширувањето, вклучително и политичкиот процес и финансиската помош која се дава преку ИПА“, изјави државниот секретар за надворешни работи,  г.Франк Белфеџ.

На конференцијата се очекува да земат учество над двесте луѓе, вклучувајќи ги министрите и високите службеници од земјите од Западен Балкан.

Click