Активности



Понеделник, 22 јуни 2009 година, Стразбур

Летна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Состојбата на човековите права во Европа, со акцент на потребата да се искорени неказнивоста, е само една од темите кои ќе се најдат на дневниот ред на летната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 22 до 26 јуни во Стразбур.

На отворањето на седницата, Парламентарното собрание ќе го усвои дневниот ред, на кој, меѓу другото, се наоѓа и изборот на нов генерален секретар на Советот на Европа.

Ирскиот претседател Мери Мекалис и словенечкиот премиер Борут Пахор ќе им се обратат на парламентарците.

На седницата ќе се расправа и за Белорусија и Ерменија, за влијанието на финансиската криза врз економските институции, за активностите на Европската банка за обнова и развој во 2008 година и неколку други теми.

Click