Активности



Понеделник, 6 јули 2009 година, Стразбур

Летно училиште за демократија

Од 6 до 10 јули во Стразбур ќе се одржи Четвртото летно училиште за демократија, на тема „Глобалните предизвици на демократијата“, а во организација на Советот на Европа, со поддршка од Европската унија, француската влада и локалните власти на Алзас и Стразбур.

Летното училиште е годишна програма на 16 училишта за политички науки на Советот на Европа, кои имаат за цел да ја обучат следната генерација на политички, економски, социјални и културни лидери во земјите во транзиција. 

650 политички лидери, граѓански активисти, новинари и бизнис лидери од 16 европски земји, ќе се сретнат за да расправаат за влијанието на современите предизвици врз демократската вредност, човековите и законодавните права.

Генералниот секретар на Советот на Европа, г-дин Тери Дејвис, го отвори Летното училиште, а воведен говор на стартот од предавањата имаше и словенечкиот претседател, г-дин Данило Турк. 

Својот став уште ќе го искажат градоначалникот на Стразбур, Ролан Рие, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Луис Марија де Пуч, претседателот на Европската асоцијација на училишта за политички науки, Кетрин Лалумиер и екс премиерот на Франција, Мишел Рокар.

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Франција и актуелен претседател на Фондацијата „Со образование против расизам“, Лилијан Турам, ќе учествува во затворањето на седницата во петок, на 10 јули.

Click