Активности



Четврток, 3 септември 2009 година

Македонија дел од ЕУ средбата во Стокхолм

На 4 и 5 септември, г-дин Карл Билд, како министер за надворешни работи на Шведска, која претседава со Европската унија, ќе биде домаќин на неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, која ќе се одржи во шведскиот музеј на архитектурата во Стокхолм.

На вториот ден од средбата на заедничкиот ручек на 27-те земји-членки на ЕУ ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на земјите-кандидатки за членство во Унијата, односно Македонија, Хрватска и Турција.

Целта на дводневната средба е да им се даде можност на министрите да расправаат за актуелните прашања кои се од заеднички интерес. Тие го вклучуваат блискоисточниот мировен процес, ситуацијата во Иран, ЕУ мисиите во Авганистан и Пакистан и улогата на ЕУ како глобален фактор.

Click