Активности



Среда, 4 ноември 2009 година

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г.Јани Макрадули на Светската е-парламент Конференција 2009 во Вашингтон го презентираше македонското решение

Во рамки на отварањето на Светската е-парламент конференција 2009 во Вашингтон, на воведната сесија: „Примена на ИКТ во развојот на демократски институции", во име на Собранието на Република Македонија, свое обраќење имаше потпретседателот, г. Јани Макрадули. Тој го презентираше решението за Е-парламент на Собранието на Република Македонија, кое од Глобалниот центар за примена на ИКТ решенија во паралементи и ИПУ (Интерпарламентарна унија) беше селектиран како еден од најуспешните примери во светот.

Модераторот на сесијата, претседателот на Националното собрание на Конго, Џастин Комба, истакна дека со ова решение во Собранието е постигнат огромен напредок, и се приклучи кон поттикот на потпретседателот Макрадули, кон земјите во развој, да го следат овој пример, бидејќи примената на ИКТ технологиите во парламентите го јакне неговиот демократски капацитет.

По презентацијата повеќе претставници на парламенти од различни држави изразија интерес за идна соработка.

Click