Активности



Среда, 8 јули 2009 година

На 2 октомври втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска

Вториот референдум за Лисабонскиот договор во Ирска ќе се одржи на 2 октомври. По првичното неприфаќање на Договорот минатата година, се очекува Ирците овојпат да го поддржат истиот, со оглед на тоа што ги добија побараните гаранции од Европската унија.

- Повторно ќе се обратам до народот за да побарам негово одобрение за ратификување на Договорот во Ирска. Референдумот е закажан за 2 октомври, изјави ирскиот премиер, г-дин Брајан Коуен.

На 19 јуни годинава, Европската унија и Ирска успеаја да се договарат за гаранциите,  со кои се направија измени во Договорот од Лисабон во деловите кои ирските граѓани ги сметаа за спорни и загрозувачки по нивните национални интереси, како воена неутралност, слободата во даночните закони и стриктните закони за абортусот.

За да стапи на сила Лисабонскиот договор треба да биде ратификуван од сите 27 земји-членки на Европската унија. Досега, покрај Ирска, целосно не го потврдиле уште Германија, Чешка и Полска.

Click