Активности



Четврток, 16 јули 2009 година, Стокхолм

Неформална средба на ЕУ министрите за правда и внатрешни работи

Во Стокхолм од 15 до 17 јули се одржува неформалната средба на ЕУ министрите за правда и внатрешни работи. Домаќини на средбата се министерот за правда Беатриче Еск и министерот за миграции и азилна политика Тобијас Билстром.

На неформалната средба, министрите ќе разговараат за продолжување на понатамошната соработката на полето на правдата и внатрешите работи.

Советот на Европа на состанокот на 5 ноември 2004 година ја усвои петгодишната програма за соработка, наречена „Хашка програма“. Програмата вклучува соработка на полицијата со царината, службите за спасување, соработка на казнените и граѓанските закони, азил, миграција, виза и надворешна гранична контрола и др.

Првата стратешка програма за правда и внатрешни работи беше усвоена во Тампаре во 1999 година. Сегашната „Хашка програма“ истекува во декември 2009 година.

Тоа ќе биде основана и важна задача на Шведското претседателство со ЕУ да даде насоки за продолжување на работата преку изработка на нова програма – „Стохоломска програма“.

Неформална средба на министрите за правда и внатрешни работи е прва средба одржана во Шведска за време на Шведското претседателство со ЕУ. Средбата се очекува да биде една од најголемите, со околу 350-400 учесници .


Click