Активности

Вторник, 15 септември 2009 година, Стразбур

Нема одложување на гласањето за Баросо

Европскиот парламент на стартот од пленарната сесија во Стразбур го усвои дневниот ред без промени, откако предлогот на Зелените и другите групи за одложување на гласањето за г.Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија, беше отфрлен со 248 гласа „против“, 135 „за“ и 14 „воздржани“.

Европратениците одобрија назначување на тројцата кандидати за комесари во останатиот период од мандатот на Комисијата. Г.Алгирдас Шемета од Литванија ќе биде одговорен за финансиското планирање на буџетот, г.Павел Шаменски од Полска за регионална политика и г.Карел де Гушт од Белгија за развој и хуманитарна помош.

Тројцата кандидати уште во првата седмица од септември ги информираа парламентарните комисии за своите цели и планови.

Денеска, на вториот ден од пленарната сесија, претседателот на Парламентот, г.Јержи Бузек, ќе одржи говор во кој ќе ги искаже приоритетити на својот мандат, кој стартуваше во јули. Потоа г. Жозе Мануел Баросо ќе им се обрати на европратениците во пресрет на утрешното гласање за негов втор мандат како претседател на Европската комисија.

Click