Активности

Четврток, 27 август 2009 година

кампања против климатските промени

Со поддршка на Комисијата за екологија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, вчера во Лондон започна кампањата против климатските промени, под наслов „New Earth Deal“. Целта на кампањата е да се поттикне донесувањето на договорот за климатските промени во Копенхаген.

Во кампањата ќе бидат вклучени училишни посети, специјална веб-страница, како и прикажувања на филмот „Age of Stupid“ на тема екологија.

Известителот за климатските промени на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-дин Џон Прескот, кој учествуваше во преговорите за Протоколот од Кјото, потенцираше дека развиените земји се тие кои сносат поголем дел од одговорноста и мораат да направат многу во врска со климатските промени.

Г-дин Прескот информира дека Комисијата ќе организира конференција на 29 септември во Стразбур.
Click