Активности



Петок, 11 септември 2009 година, Европска комисија

план за финансирање на борбата против глобалното затоплување

Европската комисија објави план за финансирање на борбата против глобалното затоплување во земјите во развој, со кој се предвидува донација од Европската унија во вредност меѓу 2 и 15 милијарди евра годишно до 2020 година. Финансиска помош се очекува да пристигне и од некои големи индустриски земји, како Кина и Индија.

Во пресрет на декемвриската конференција за климатски промени во Копенхаген, ЕУ и другите економски сили постигнаа согласност за тоа дека е неопходна помош за покривање на трошоците за намалување на емисијата на стаклените гасови. Сепак, сè уште нема консензус за тоа колкави се тие трошоци и колку од нив треба да сносат развиените земји.

Трошоците за глобалното затоплување се очекува да се зголемат во текот на наредните години. ЕУ оценува дека на земјите во развој ќе им требаат 100 милијарди годишно до 2020 година за да се спречи глобалната просечна температура да не порасне повеќе од 2°C.

Целта на конференцијата во декември е да се изработи нов и поамбициозен глобален ангажман за борба со климатските промени.

Click