Активности



Понеделник, 14 декември 2009 година

Обраќање на Претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Австралија, г. Хери Џенкинс, пред пратениците на Собранието на Република Македонија

Почитуван претседателе,
Почитуван премиере,
Почитувани пратеници,
Почитувани министри,
Ваши екселенции,
Дами и господа,
Воодушевен сум од можноста да се обратам пред почитуваниот парламент денес. За мене е огромна чест што се обраќам пред вас, прв пат за еден претседател на Парламентот на Австралија и ја поздравувам оваа можност.

Нашите две земји имаат топли и пријателски односи, кои се зајакнати од силните односи во заедницата и блиските меѓучовечки односи. Нашите две заедници имаат значајни историски, значајни мултикултурни и етнички различни народи, со кои сите можеме да се гордееме.
На последниот попис во Австралија 84.000 луѓе се изјасниле дека имаат потекло од Македонија. Дел емигрирале во Австралија, додека други се родени во Австралија. И покрај тоа што имаат австралијанско државјанство, нивното македонско наследсво останува многу силно.
Селењето на семејството и личниот живот и патувањето преку половина свет не е мала работа. Но, тоа го сторија Македонците со доаѓањето во Австралија
.

Македонците мора да се добри патници!

Нивните напори го проширија и збогатија културниот и социјалниот живот на Австралија  и со нивната работа навистина придонесоа за нашиот економски развој.

Врската меѓу нашите два народa трае уште од 19. век, кога бројни печалбари дојдоа во Австралија во потрага по подобри можности за вработување.

Нашите први македонски емигранти можеби чуле за откриеното злато во Австралија додека работеле како патувачки работници во Константинопол и во другите источноевропски градови во 1880 година. Во тоа време народите од вашиот дел од светот ја познавале Австралија како „петтиот континент“ и токму кон овој нов континент тргнале Македонците, веројатно околу 2000 до почетокот на Втората светска војна.

Австралија имаше придобивки од неколкуте бранови на мигранти. Во 1924 година САД воведе имиграциски рестрикции кои ги натераа Македонците да се доселат во Австралија. Следниот бран беше во 1936 година кога влошените односи во Европа натераа многумина да размислат за напуштање на својата родна земја.

Така, во 1920 и 1930 година можевте да видите Македонци кои ги чистат шумите во Западна Австралија, го чистат западниот брег на Јужна Австралија, кои прават железнички вагони во Нова Јужна Австралија или во југоисточниот дел на Западна Австралија, кои собираат грозје по реката Мури и сечат шеќерна репка во далечниот Северен Квинленд.

До 1950 година, можеби најтипична форма на работа за раните македонски доселеници беше пазарното градинарство. Во ова време македонските заедници можеа да се најдат во поголемите рударски градови на Австралија, особено во легендарниот град Калгурли во Западна Австралија и во 3000 километри источно - во новиот рударски центар во Нов Јужен Велс на Брокен Хил. Другите градови во кои се ширеа заедниците беа и Порт Колумбија, Њукасл и на оддалечениот запад, Перт.

Енциклопедијата на миграциската историја на Австралија од д-р Џемјс Џуп - „Луѓето на Австралија“ содржи една типично македонска доселеничка приказна од периодот на ’20 и ’50-тите години раскажана од д-р Петер Хил, чија горда ташта од Македонија живее во мојот електорат. Тоа е приказна за Диме Клашпче. Диме стасал во Австралија во 1927 година преку САД и бил работник во зафрлената област Нов Јужен Велс во рударскиот центар на Брокен Хил и подоцна на фарми во Гипсланд во Викторија. Се вратил дома во 1931 година,  но во 1937 година повторно работел на фармите Гипслант- Викторија. Во текот на следните две години ги донел жена си и децата во Австралија. Според искуството на многу иселеници, се преселил во градот во 1940 година, во неговиот случај, во Мелбурн, каде што работел во бројни фабрики за чевли. Подоцна купил мал бизнис во Фитцрој, внатрешно предградие на Мелбурн и подоцна станал менаџер и сопственик на мала текстилна фабрика.

Традиционалните кафеани биле важни места за собири за овие заедници чии членови биле најчесто мажи. Тука разговарале, играле карти, се навраќале на спомените и договарале бизниси. Првата таква кафеана „Македонски дом“ се отвора во Перт во 1920 година, во срцето на градот заедно со ист таков хотел, подолу на истата улица. Во Мелбурн постеше кафуле на улица Гертруд Фицрој отворено во 1930 година и клуб- Балкански клуб- отворен во центарот на градот. 

Од 1788 година општеството на Австралија го градеа доселеници, но со масовниот прилив на иселеници од источна и Јужна Европа, по Втората светска војна овој мултикултурен карактер на нашето општество значително се зацврсти. Имаше години кога мигрантите или лицата бегалци од воена Европа - можеше да се видат како работат во рудниците на Нов Јужен Велс, на хидро-електричната шема за  Снежните Планини, во новите фабрики за автомобили во Мелбурн, Геџлог и Аделајида, во фабриките за конзервирање на храна на северниот брег на Тасманија или во полињата на репка во Северен Квинсленд. Ова беа години на голема социјална трансформација на Австралија и на мигрантите, влкучително и на многу Македонци, кои понесоа голем дел од овој товар.

Најголемите градови на Австралија брзо растеа по Втората светска војна, поттикнати од миграцијата. Повеќето мажи кои дојдоа, подоцна ги донесоа и своите семејства и се населија во Австралија. Некои најдоа сигурна работа на градинарските пазари или во преработувачката на масло еукалиптус близу до главниот град на Австралија, Канбера. Други работеа во млечните фарми во градовите Викторија и Нов Јужен Велс. Но, најголем дел од нив дојдоа во градовите на Австралија привлечени од вработувањето и растечкото производство.

Најголем дел од доселениците од овој дел од светот се упатија во Мелбурн. Во 1959 година, првата македонска православна црква, изградена преку бреговите на вашата земја, „Св. Ѓоргија“, беше основата во внатрешноста на предградието на Мелбурн во Фирзорој. Лично сум присуствувал на свадби во оваа историски значајна црква.

И  покрај тоа што македонски организации на заедниците постоеле во Австралија уште од 1960 година, скоро деценија подоцна оваа заедница почна да пушта постојани корени.

На пример, Македонскиот културен центар и капелата посветена на Св. Никола беа изградени во Перт, Западна Австралија, во 1968 година. Денес постојат Македноски православни црквви во скоро секој поголем град на Австралија. Многу години подоцна, во 1981 година, Македонската православна заедница основаше Македонски центар  во Мелбурн, кој е во мојот електорат.

Оттогаш основани се многу други центри, клубови и организации кои сè уште работат. На австралијанската дијаспора достапни ѝ се македонски весници и радиопреноси на националното радио на македонски јазик.

Додека родените Австралијанци претставуваат една од најстарите култури, модерна Австралија е релативно младо општество и ние продолжуваме да се збогатуваме преку треперливите заедници, како вашата, кои имаат долги религиозни, културни и уметнички традиции.

Бројни активности им овозможуваат на Австралијанците да ја искусат вашата култура и да продолжат да ги зближуваат двете заедници. Долго време Австралија имаше среќа да биде домаќин на различни традиционални песни и играорни групи. Бројни историски и културно значајни настани се слават ширум Австралија секоја година со мноштво културни и уметнички програми. Минатиот месец, градот Мелбурн беше домаќин на Македонскиот филмски фестивал.

Вашите граѓани придонесоа и во други сфери на австралијанското општество, како што се бизнисот, спортот, образованието и индустријата, и денес се значајни граѓани на Австралија. Дополнително, играчите на неколкуте важни локални фудбалски клубови, како Престон Лион, имаат потекло од Македонија, многу поранешни и сегашни членови на националниот фудбалски тим на Австралија, Сокерус, имаат македонско потекло.

На политичко ниво, нашите две земји, уживаат дипломатски односи од октомври 1995 година. Амбасадорот на Австралија е во Белград, а почесниот конзул на Австралија беше назначен во Скопје во мај 1998 година.

Ова даде платформа за  натамошен развој на политичките, трговските, дипломатските и парламентарните односи меѓу двете земји, како и соработка на полињата на активност, вклучително и мултилатерални форуми. 

Во мај 2005 година , вашиот министер за надворешни работи, д-р Илинка Митрева ја посети Австралија како гостин на Владата, и секако премиерот Никола Груевски ја посети Австралија во октомври, заедно со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.

Забележително достигнување кое беше резултат на посетата на премиерот Никола Груевски беше дека тој и премиерот Кевин Руд, потпишаа билатерален договор за социјална безбедност - првиот формален договор меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи пред 14 години.

Како што забележа г. Руд во текот на посетата на премиерот Никола Груевски, овој договор ќе им овозможи на луѓето  кои поминале дел од своите животи во Австралија да имаат право на пензија во двете земји, што им дава поголема слобода на движење во двете земји и ги отсликува меѓучовечките односи кои ги ценат двете наши општества.

Посетата на премиерот Никола Груевски на Австралија, исто така, вклучуваше и средби меѓу неговата Делегација и бизнис лидерите од Австралија за развој на идна трговија и инвестиции меѓу двете земји. Во 2008-2009 година трговијата меѓу двете земји беше проценета на 7,8 милиони долари, со главен извоз на говедско од Австралија. Извештаите покажаа дека компаниите од Австралија покажуваат интерес за инвестиции во осигурувањето, туризмот и информатичките технологии и јас секако ќе го охрабрам идниот развој на трговијата, инвестициите и образовните линкови меѓу двете земји, затоа што сите ние се залагаме за придобивки на земјите.

Во светло на неодамнешните состојби во Европа, Австралија ја поздравува ратификацијата на Лисабонскиот договор и формирањето на нови дипломатски позиции на ЕУ. Овој камен-темелник за европската интеграција треба да послужи како основа за вашата задача да станете членка на ЕУ.

Вашата историја ја обележаа многу големи борби, многу често и крвави војни. Делата на националните херои во текот на овие борби од 20. век се впишани во сеќавањата на македонските доселеници. Прославите на празникот Св.Илија и неговото значење како национален празник силно е застапено во заедницата во Австралија. Слоганот „Да живее Илинден“ е од срце.

Во други прилики, ударот на Втората светска војна особено се памети.

Важно е дека Денот на независноста, 8 септември не поминува незабележително. Вашата земја постигна многу по мирното добивање на  независноста во 1991 година. Се соочуваше со многу предизвици кои ги наложува патот на демократијата и независноста. Откако станавте официјален кандидат за членство во ЕУ во 2005 година, постојано напредувате кон вашата цел, но никој не може да преправа дека не останала уште работа која треба да се заврши.

Мојата прва посета на Скопје беше во 1977, кога како туристи дојдовме со мојата сопруга со автобус, по два дена пат од Дубровник, по заливот на Котор, преку Црна Гора по едновечерен престој во Подгорица. Колку се измениле работе оттогаш! По распадот на Југославија, Скопје се разви во модерен европски главен град. Една важна работа не се измени - мојата сопруга Мишел е повторно заедно со мене во Скопје денес.

Се интересирав за Македонија долго време. Многу доселеници од Македонија го најдоа својот дом во предградијата на Мелбурн. Електоратот кој ме избра за негов претставник, е дом на 11.000 луѓе со македонско потекло, заедница со најголем број Македонци во Австралија. По многуте доделени функции, културни активности, посети, постари граѓани, семејни луѓе и луѓе од селата на македонската заедница - денес сум тука како претседател на Парламентот на Австралија и зборувам во палата на Собранието.

Прифаќањето на австралијанскиот начин на живот но зачувувањето на културното значење на минатото се гледа на многу начини. Оваа година присуствував на погреб на еден драг пријател во локалната црква „Св. Никола“.

Многу од вас можеби не знаат дека многу од поддржувачите на домашниотфудбалски тим наречени Austrian Rules се фанатици.

Така, во предгратската црква во Мелбурн, Австралија, беше ковчегот на мојот пријател во боите на фудбалскиот тим и македонското знаме и церемонијата беше на македонски јазик- тоа е вистинска слика за мултикултурна Австралија.

Новата парохија на Македонската православна црква во мојата локална заедница ја трансформираше поранешната Презервитеријанска црква во црква „Св. Петка“. Го реставрираа историскиот екстериер од син камен, претворајќи го интериерот во величенствен пример на православна традиција. Зградата е огромен доказ за љубовта на Македонците кон својата земја.

Во претходната посета на Скопје, бев вчудоневиден од споменот за земјотресот од 1963 - часовникот на железничката станица кој го означува моментот кога се случил земјотресот сè уште постои.

Тоа е потсетување  дека треба да ја почитуваме средината во која живееме.

Во пожарите во Австралија беше уништен еден македонски манастир. Имам многу пријатни спомени од семејствата кои одеа на излети на тоа место минативе години. Ова е уште еден пример дека треба да ја почитуваме нашата околина.

Нашите две земји, заедно со светот се соочуваат со климатските промени, и како и секоја глобална криза, ќе бидат потребни заеднички меѓународни напори.

Вашата земја заедно со Австралија постојано придонесуваат за Меѓунардните помошни мировни мисии во Авганистан. Ова е еден пример за волјата на нашите народи да делуваат како добри граѓани на светот. Ова треба да биде охрабрување за другите за вашите напори за приклучување кон НАТО.

Од раните 80-ти години, Австралија постојано го штити мирот и регионалниот дијалог на Балканот, поддржува напори за поголема регионална стабилност. Изодевте долг пат и Австралија ве поддржува во вашите моментални напори.

Ми беше чест и привилегија да се обратам во овој Парламент денес. Ова беше добредојдена можност да се отсликаат долгите културни и социјални врски меѓу двете земји и верувам дека сите го делиме почитувањето на придобивките кои доаѓаат од таквите врски кои се значајни за нашите заедници.

Многуте врски кои веќе ги остваривме даваат цврста основа за продолжување на нашиот политички дијалог и зајакнување на нашите врски во многу сфери, како што се трговијата, инвестициите и образованието. Австралија го вреднува значајниот напредок кој го направи вашата земја, како парламентарна демократија, од независноста до денес и верува дека сите пречки во моменталните демократски реформи и вашата понатамошна интеграција во евроатлантските институции, ќе биде решена на начин кој ќе ги задоволи сите страни.

Лично, имав голема среќа што бев во можност да видам дел од вашата прекрасна земја, повторно да ја видам вашата прекрасна земја и да го искусам богатото културно наследство и гостопримливоста во Скопје, Охрид, Крушево и Битола. Ми беше особено задоволство да бидам ваш гостин овие неколку дена и искрено ви благодарам за вашата гостопримливост.

Click