Активности



Понеделник, 13 јули 2009 година

Одлуката за визна либерализација одложена за в среда

Наместо утре, предлогот за визна либерализација за Западен Балкан, Европската комисија ќе го усвои в среда. Прес-конференцијата на еврокомесарите г-дин Жак Баро и г-дин Оли Рен е одложена за 15 јули во Брисел, кога тие на Советот на министри на Европската унија ќе му ја соопштат одлуката граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора да патуваат без визи во земјите-членки на ЕУ.

Целосно процедурата е предвидено да заврши на 30 ноември, кога на состанокот на Советот на министрите за внатрешни работи треба да биде усвоена одлуката визната либерализација за овие три балкански земји да стапи на сила на 1 јануари 2010 година.

Република Македонија е земјата која доби највисоки оценки за напредокот во исполнувањето на условите на ЕУ за влез во шенген-зоната, а со неа во овој пакет место има уште за Србија и Црна Гора. Проценките за Албанија и Босна и Херцеговина се дека ќе треба да почекаат уште една година.

Click