Активности



Четврток, 5 ноември 2009 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Осумнаесеттата седница, одржана на 4 ноември 2009 година, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г.Џеват Бучи, заменик на министерот за внатрешни работи.

По Предлог-законот до определениот рок беа поднесени два амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата ги претресе следниве амандмани:

  • Амандманот 1 поднесен од пратеничката група на СДСМ кој гласи:
    Во членот 8, насловот пред членот 23 се менува и гласи:
    „Малолетни лица без придружба и лица со телесна, интелектуална или комбинирана попреченост".
    Во ставот 1, зборовите „лица со пречки во психичкиот развој" се заменуваат со зборовите „и лица со телесна, интелектуална или комбинирана попреченост“, а зборовите „и процесно неспособни лица“ се бришат.

Комисијата со 3 гласа „за" и 10 „против" не го усвои овој Амандман.

  • Амандманот 2 поднесен од пратеничката група на СДСМ кој гласи:
    Во членот 9, во новиот член 23-а став 2, зборовите "процесно неспособни лица, малолетни лица", се бришат, а зборовите "лица со пречки во развојот" се заменуваат со зборовите "лица со телесна, интелектуална или комбинирана попреченост".

Со 2 гласа „за" и 10 „против", Комисијата не го усвои овој Амандман.

Врз основа на член 149 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за одбрана и безбедност го предложи следниот Амандман I , во членот 8, во насловот пред членот 23 и во ставот 1 од член 23 зборовите „психичкиот" се заменуваат со зборовите „менталниот".

Амандманот се предлага заради терминолошко усогласување со Законот за социјална заштита. Комисијата го усвои предложениот амандман.

На крајот, Комисијата едногласно изгласа Дополнителниот предлог на овој закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click