Активности



Петок, 26 јуни 2009 година, Стразбур

Парламентарното собрание на Советот на Европа бара „Партнер за демократија“

Парламентарното собрание на Советот на Европа се залага за создавање нов статус „Партнер за демократија“ за парламентите на земјите соседи на зоната на Советот на Европа, под услов да прифатат да работат според критериуми и вредности како што се слободни избори и укинување на смртната казна.

Новиот статус би овозможил парламентарните делегации од Јужниот Медитеран, Блискиот Исток и Централна Азија да учествуваат во работата на Собранието и да расправаат, но без право на глас.

За возврат, Парламентите со статус „Партнер за демократија“ ќе треба да ги покажат своите аспирации кон вредностите на Советот на Европа, да ветат дека ќе спроведат мирни и слободни избори, дека ќе се залагаат за укинување на смртната казна и дека ќе настојуваат за балансирање на застапеноста на мажите и жените во политичкиот живот.

Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое обединува 318 парламентарци од 47 европски земји, веќе има контакти со парламентите на соседните земји, како Алжир, Казахстан, Мароко и Тунис, како и со Палестинскиот законодавен совет.

Click