Активности

Среда, 23 септември 2009 година

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија во ПД на ЦЕИ на седница на Генералниот комитет за култура на ПД на ЦЕИ во Салцбург, Австрија

Јован Лазарев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД на ЦЕИ), учествуваше на седницата на Генералниот комитет за култура на ПД на ЦЕИ што се одржа на 17 и 18 септември во Салцбург, Австрија.

На состанокот, членовите на Генералниот комитет за култура расправаа на тема „Реставрација и употреба на историските згради".

Градот Салцбург беше избран за место на состанокот како пример на успешна реставрација на старите згради кои сè уште се во функција. Домаќините, пред членовите на Комитетот, ги презентираа законските решенија, институционалната форма и практичниот аспект на реставрирањето на старите згради со културна вредност.


Click