Активности

Четврток, 8 октомври 2009 година

Средба на Комисијата за европски прашања со делегација на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија 

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и членовите на комисијата имаа средба со делегација на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов ја запозна делегацијата со составот и работата на комисијата, при што истакна дека во комисијата се застапени сите политички партии и коалиции и дека комисијата ги разгледува законите  и врши контрола дали тие целосно се усогласени со европското право.

Комисијата за европски прашања води и парламентарна демократија, која е нејзин неизоставен дел и таа делува со комисиите за европски прашања на земјите од Европската унија, со соседните земји и води регионална соработка. Истоа така, тој ги истакна приоритетите на комисијата: добивање на визна либерализација и добивање на датум за преговори за влез во Европската унија.

На средбата стана збор и за отворените прашања помеѓу двете држави за кои се истакна дека е потребна добра волја, взаемна толеранција и взаемна соработка.

Исто така, на средбата се истакна дека треба меѓусебната соработка да продолжи, да се негува и да се продлабочат добрососедските односи, сè со цел во една скора иднина да се биде дел од Европската унија.





Click