Активности

Понеделник, 14 септември 2009 година, Стразбур

Пленарна сесија на Европскиот парламент

Европскиот парламент од 14 до 17 септември во Стразбур ќе одржи пленарна сесија, на која, меѓу другото, ќе расправа за кандидатурата за нов мандат на г. Жозе Мануел Баросо на функцијата претседател на Европската комисија, во пресрет на гласањето в среда.

Претседателот на Европскиот парламент, г.Јержи Бузек, пред европратениците ќе одржи говор во кој ќе ги искаже приоритетити на неговиот мандат, кој започна во јули годинава. 

Парламентот ќе гласа дали да одобри назначување на три нови комесари, предложени да ги пополнат слободните работни места во актуелната Европска комисија, чијшто мандат истекува на крајот на октомври.

Проблемите со кои се соочуваат млекопроизводителите како резултат на ниските цени на млекото, како и шумските пожари кои беа актуелни ова лето, исто така ќе бидат предмет на разговор на европратениците.

Парламентот, Советот и Комисијата ќе расправаат и за подготовката на Самитот Г-20, кој треба да се одржи во Питсбург. На крајот, претседателот Бузек ќе им се придружи на лидерите на држави и влади на неофицијалната средба на Европскиот совет во Брисел.
Click