Активности



Петок, 4 септември 2009 година, Европска комисија

Поддршка за Глобалниот план за климатски услуги

Европската комисиja го поддржа новиот Глобален план за климатски услуги, за кој се расправа на Третата светска конференција за климата во Женева, а кој е предложен од Светската метеоролошка организација, чијашто цел е да се добијат повеќе научно потврдени податоци и системи за прогнозирање на климата. Оваа иницијатива ќе се спроведува сè до конференцијата во Копенхаген во декември годинава.

Европскиот комесар за наука и научни истражувања, г-дин Јанез Поточник, ја потенцира важноста од правилна подготвеност за последиците од климатските промени. Тој како основен приоритет го наведе постигнувањето на меѓународен договор за намалување на емисиите.

Европската комисија, преку својата рамковна програма за истражување и развој, со над 540 милиони евра финансира над 130 проекти за климата, кои се реализираат во соработка со истражувачките институции на 60 земји надвор од ЕУ.

Сегашната Седма рамковна програма е во сила од 2007 до 2013 година, за кој период се издвоени околу 1,9 милијарди евра за истражување на најважните научни прашања на сите континенти.

Click