Активности



Среда, 14 октомври 2009 година

Позитивен Извештај за Република Македонија

Европската комисија објави позитивен Извештај за напредокот на Република Македонија во 2009 година, што значи дека по четиригодишен кандидатски статус Република Македонија ќе ги започне преговорите за членство во Европската унија.

„Препорачано е отворање на преговори за членство на Македонија во Европската унија. Државата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните приоритетите“, изјави еврокомесарот за проширување г.Оли Рен на денешната прес-конференција во Брисел.

Г. Рен изрази верување дека македонската влада ова ќе го сфати како силен поттик за конечно решавање на спорот со името со јужниот сосед Грција.

Утре во 9 часот и 30 минути специјалниот претставник на Европската унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г. Ерван Фуере, ќе го предаде Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија - 2009 година на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Click