Активности



Четврток, 9 јули 2009 година

на 14 јули Европската комисија ќе го усвои Предлогот за визна либерализација за Западен Балкан

Европската комисија на 14 јули во Стразбур ќе го усвои предлогот за визна либерализација за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Република Македонија. Со ова ќе им се даде можност на граѓаните од овој регион да патуваат без визи во земјите од шенген-зоната, а со тоа ќе се оствари долгото залагање на Европската комисија за безвизно патување. Олеснетото патување во ЕУ може значително да допринесе за процесот на интеграција на балканските земји во Европската унија.

Предлогот ќе го образложат еврокомесарот за правосудство и внатрешни работи, г-дин Жак Баро и еврокомесарот за проширување, г-дин Оли Рен. Потоа предлогот ќе биде упатен и до Советот на министри на Унијата и Европскиот парламент. Целта е процедурата да заврши до 30 ноември, кога на состанокот на Советот на министрите за внатрешни работи треба да биде усвоена одлуката визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора да стапи во сила на 1 јануари 2010 година.

Click