Активности



Понеделник, 6 јули 2009 година, Комисија за економски прашања

Прифатен Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесеттата седницата одржана на 3 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (Прво читање). 

Потребата од донесување на законот ја образложи предлагачот на законот, пратеникот Илија Димовски. Тој истакна дека забраната за продажба на алкохолни пијалоци од 19:00 часот до 06:00 часот наредниот ден и тоа во месеците мај, јуни, јули, август и септември би било на штета  на деловните субјекти, на оние од туризмот, на функционирањето на пазарот во целина, а и за граѓаните во топлите месеци од годината би било посоодветно да се намали оваа забрана. Поради тоа потребно е времето за продажба на алкохолни пијалоци да се либерализира и тоа во одреден период во годината, конкретно од 1 мај до 30 септември да се продолжи за два часа, односно ваквата забрана за продажба на алкохолни пијалоци наместо од 19:00 часот да отпочне од 21:00 часот и да трае до 06:00 часот наредниот ден.

Со овој Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија ќе се придонесе во определена мерка да се либерализира продажбата на алкохолни пијалоци, но исклучиво во месеците мај, јуни, јули, август и септември, односно во летните месеци, што пред сè првенствено би било во интерес на граѓаните, а тоа се базира на биолошкиот процес, бидејќи динамиката на движење во тој период на годината е многу поголема во однос на зимскиот период.

Пратениците дадоа поддршка на измените на овој Закон од причина што истите се во корист на граѓаните и трговијата.

Врз основа на расправата, Комисијата едногласно заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 

Click