Активности



Понеделник, 2 ноември 2009 година

Учество на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски заедно со потпретседателот на Собранието, г.Јани Макрадули ќе учествува на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон.

Конференцијата во Вашингтон, на која учествуваат највисоките претставници на парламенти од целиот свет, ќе ја отвори спикерот на Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Ненси Пелоси. Како позитивно искуство на Конференцијата ќе биде претставен проектот Е-парламент на Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, покрај средбата со госпоѓа Ненси Пелоси, во текот на посетата ќе оствари средба и со повеќе конгресмени и сенатори, како и со високи претставници на Советот за безбедност на Белата куќа и со високи претставници на Стејт департменот на Соединетите Американски Држави.

Исто така, претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, ќе оствари средба и со претставници на ИРИ и НДИ, а ќе има средба и со претставниците на македонската дијаспора во САД.

 

Click