Активности



Среда, 30 септември 2009 година

Работен состанок на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа работен состанок на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија.

На средбата присуствуваа претставници од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, потоа од Министерството за надворешни работи, амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, г. Иван Кујунџиќ, претседателот на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, г-ѓа Снежана Тројачанец и членови на ХЗМ.

Заедницата на Хрватите во Република Македонија постои од 1996 година и нејзина специфичност е тоа што работи на сочувување на хрватскиот идентитет, историја, култура и др.

На состанокот пратениците беа запознати со досегашната работа на Заедницата и со проектите за наредната година.

 

Click