Активности



Понеделник, 15 јуни 2009 година, Луксембург

Расправа за визна либерализација на Западен Балкан

Советот на министри на земјите-членки на Европската унија денеска во Луксембург ќе одржи состанок на кој, меѓу другото, ќе се разговара за визната либерализација на земјите од Западен Балкан. Ќе биде презентиран Извештајот на Европската комисија во кој се наведуваат оценките за напредокот на секоја земја од регионот, односно за Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

Во прелиминарниот извештај за визната либерализација, Европската комисија оцени дека Република Македонија е најнапредна од земјите во регионот.

Министрите за надворешни работи во Луксембург треба да ја поддржат регионалната соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа како важен елемент за европската перспектива на Западен Балкан и ќе ја повикаат Европската комисија што поскоро да го направи предлогот за укинување на визниот режим во земјите од Западен Балкан.

Во нацрт-заклучоците што треба да бидат усвоени во Луксембург стои дека „Советот на министрите ја охрабрува Европската комисија да предложи измена на законодавството за да се добие визна либерализација идеално до крајот на 2009 година“ и дека „имајќи ја предвид регионалната димензија на визната либерализација за Западниот Балкан, Советот подвлекува дека е важно сите држави да стигнат до визна либерализација“.

Според очекувањата, препораката на Европската комисија за укинување на визите би требало да биде донесена во јули, а наесен - одлуката на Советот на министри.

Click