Активности



Вторник, 14 јули 2009 година, Комисија за економски прашања

Разгледан Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија

Комисијата за економски прашања на Дваесет и првата седница одржана на 13 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог на законот за дополнување на Законот за трговија (Прво читање).

Потребата за дополнување на овој Закон е наметната поради функционирање на бензиски станици на кои точењето на гориво ќе се врши 24 часа дневно и истите ќе функционираат по принципот на самопослужување, односно без лица за опслужување, со ставање на пари, магнетни или чип картички.

Предложеното дополнување за Законот е во насока на отстранување на утврдениот недостаток во Законот во поглед на определување на работното време на бензиските станици кои функционираат без лица за опслужување, образложи заменик-министерот, д-р Методиј Хаџи-Васков.

Со воведување на мерката ќе се овозможи изградба на бензиски станици кои ќе функционираат на принципот самопослужување и самонаплата.

Комисијата за економски прашања, врз основа на расправата, едногласно заклучи дека Предлогот на закон за дополнување на Законот за трговија е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 

Click