Активности



Четврток, 28 мај 2009 година, Комисија за финансирање и буџет

Разгледан Предлог законoт за изменување и дополнување на Законот за стоковни резерви

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Дваесет и втората седница како матично работно тело го разгледа Предлогoт на законoт за изменување и дополнување на Законот за стоковни резерви (второ читање).

Претседателот на Комисијата констатира дека по Предлог законот до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи. 

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковни резерви.

Click