Активности

Вторник, 27 октомври 2009 година, Загреб, Република Хрватска

УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ СЕМИНАР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА И РЕГИОНАЛЕН ВНАТРЕШЕН ПАЗАР

Во заедничка организација на Европскиот парламент и Парламентот на Република Хрватска, на 26 и 27 октомври 2009 година се одржа парламентарен семинар на тема: "Слободна трговија и регионален внатрешен пазар", на кој учествуваа пратеници од парламентите од Западен Балкан, пратеници од Европскиот парламент и претставници на Европската комисија.Нашата делегација од Собранието на Република Македонија ја сочинуваа пратениците: Ванчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ, Роза Топузова Каревска од ЛДП, Феми Јонузи од ДУИ и Миле Андонов од СДСМ.

На семинарот, свои обраќања имаа потпретседателот на Европскиот парламент, д-р Силвана Коч-Мехрин, европратениците Зоран Талер, Бастиан Белдер и Јулиу Винклер, како и други еминентни личности. Дискутирано беше на повеќе теми, како што се односите на Европскиот парламент со националните парламенти, клаузулата за регионална соработка од Договорот за стабилизација и асоцијација како политички услов за влез во Европската унија, улогата на парламентите во јакнењето на регионалната економска и трговска соработка, обновениот ЦЕФТА систем и целта за постигнување на мултилатерална слободна трговија, како и за улогата на Регионалниот совет за соработка во поттикнувањето на регионалната соработка и трговија.

На семинарот, од Собранието на Република Македонија, учество имаше пратеникот Ванчо Коцев, на тема како Република Македонија ги имплементира заложбите во областа на регионалната соработка и трговија.

 

Click