Активности



Понеделник, 8.6.2009 година

Република Хрватска е голем поддржувач на Република Македонија за влез во ЕУ

Потпреседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева и дел од членовите на советот имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, ги запозна гостите со работата на Националниот совет за евроинтеграции, (кој е формиран во 2007 година) при што укажа дека составот на советот не е само од пратеници во Собранието на Република Македонија, туку и од претставници на Владата на Република Македонија, потоа од синдикатот, од невладиниот сектор, од медиумите и други и дека Советот сите одлуки ги носи со консензус. Главна цел на Советот е влегување на Република Македонија во големото европско семејство - Европската унија. Република Хрватска е голем поддржувач на Република Македонија за влез во ЕУ.

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска, г. Невен Мимица, ги запозна членовите на Националниот совет со Националниот одбор во Саборот на Република Хрватска, кој е формиран на специфичен начин од ист број на членови на позиција и на опозиција (за разлика од другите 30 комисии во Саборот каде што мнозинството го имаат членовите на позицијата), потоа во Националниот одбор се застапени сите политички партии во Хрватска и има четворица надворешни претставници.

На средбата се разговараше и за хрватската заедница во Република Македонија. Положбата и активноста на хрватската заедница е многу подобрено и таа го најде своето право место во општествениот животен тек.

Click