Активности

Понеделник, 2 ноември 2009 година

Самит ЕУ - САД

Утре во Вашингтон ќе се одржи самит меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, на кој американскиот претседател г.Барак Обама ќе биде домаќин на премиерот на Шведска како претседавач со ЕУ, г.Фредрик Рејнфелд. На средбата исто така ќе учествуваат и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и сигурносна политика, г.Хавиер Солана.

Самитот ќе биде фокусиран на климатските промени, глобалната економска и финансиска криза и актуелните прашања за надворешни односи, посебно за Авганистан и Иран, а ќе се покрене и иницијативата за енергетска соработка меѓу ЕУ и САД.

Покрај тоа, средбата ќе претставува можност за зацврстување на односите меѓу ЕУ и САД со цел поттикнување на мирот, напредокот и демократијата.
Click