Активности

Четврток, 24 септември 2009 година

Самит на Г-20 во Питсбург

На 24 и 25 септември, американскиот град Питсбург ќе биде домаќин на Самитот на Г-20, чија топ тема ќе биде изнаоѓањето начини за ефективно надминување на глобалната економска криза.

Лидерите на 20-те најголеми светски економии, во Конгресниот центар „Дејвид Лоренс“ ќе го преиспитаат напредокот постигнат по претходните собири во Вашингтон и Лондон.

Како точки на дневниот ред ќе се најдат и реформите во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, енергетиката, климатските промени и помошта за сиромашните држави, но и Повелбата за одржлив развој, предложена од германската влада.
Click