Активности

Понеделник, 13 јули 2009 година 

Седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика, на седницата одржана на 9 јули 2009 година, ги разгледа Предлогoт на законот за ратификација на Meѓународната конвенција за заштита на новите видови на растенија и Предлогот на законот за ратификација на Анексот за изменување на Анекс 1 на Спогодбата меѓу Европската заедница и нејзините земји-членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Република Црна Гора, Кралството Норвешка, Романија, Република Србија и Мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европска заедничка воздухопловна област.

Предложените закони за ратификација ги образложи Горан Стефчевски од Министерството за надворешни работи.  

Меѓународната Конвенција за заштита на нови сорти растенија е донесена во 1961 година и ревидирана во 1972,1978 и 1991 година. Договорните страни на Конвенцијата треба да бидат членки на Унијата за заштита на нови видови растенија. Секоја договорна страна го гарантира и заштитува правото на одгледување на нов вид, различен, унифирмен или стабилен, кое не смее да биде предмет на натамошно ограничување. Со одредбите во Конвенцијата се обезбедува правото на одгледување. Секоја договорна страна обезбедува ознаката да биде регистрирана како доминација на видот. Доминацијата овозможува идентификација на видот, не треба да биде неразбирлива и да предизвика конфузија во поглед на карактеристиките, вредноста и идентитетот на видот на одгледувачот, кој доминацијата ја добива од надлежните служби. Еден ист вид мора да се предаде до договорните страни под иста доминација. Надлежните служби на договорните страни обезбедуваат сите договорни страни да бидат известени за означување на видовите за поднесување регистрирање на доминацијата. Според прописите на Конвенцијата, страните можат да пристапат кон Унијата, доколку националните прописи на страните се во согласност со Конвенцијата. Република Македонија има Закон за селекциниони права на РМ кој е усогласен со критериумите на Унијата за заштита на нови видови растенија. 

Во однос на Предлогот на законот за ратификација на Анексот за изменување на Анекс 1 на Спогодбата меѓу Европската заедница и нејзините земји членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Република Црна Гора, Кралството Норвешка, Романија, Република Србија и Мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европска заедничка воздухопловна област, г-дин Горан Стефчевски истакна дека ратификацијата на овој Анекс произлегува од потребата на Република Македонија да ги исполни заедничките насоки од страна на ЕУ и да го усогласи своето законодавство со законодавството на ЕУ. По потпишувањето на Спогодбата усвоени се нови регулативи и директиви кои се однесуваат на спороведувањето на Спогодбата. Во Анексот 1 содржани се важечките правила за цивилно воздухопловство, односно пристап на пазарот, управување со воздушниот сообраќај, воздухопловна безбедност, сигурност, животна средина, заштита на корисниците и други одредби. Агенцијата за цивилно воздухопловство е определена за  надлежен орган на државната управа што ќе се грижи за извршување на Анексот 1.

Комисијата ги разгледа Предлог-законите за ратификација и по текстот на законите не предложи измени и дополнувања.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му ги  предложи на Собранието да ги разгледа Предлог-законите за ратификација и да ги донесе Законот за ратификација на Meѓународната конвенција за заштита на новите видови на растенија и Законот за ратификација на Анексот за изменување на Анекс 1 на Спогодбата меѓу Европската заедница и нејзините земји членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Република Црна Гора, Кралството Норвешка, Романија, Република Србија и Мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европска заедничка воздухопловна област.
Click