Активности



Петок, 29 мај 2009 година

Седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт во прво читање ги разгледа Предлогот на закон за Воена академија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование. Со Законот за Воена академија се уредува основањето и работата на Воената академија како високообразовна и научна установа за едуцирање кадри за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Предложените законски решенија овозможуваат продолжување на работата на Академијата во нашата држава, согласно новите стандарди на воената наука.

Со двата законски предлози за Воената академија што се во собраниска процедура се обезбедува вршење на високообразовна дејност во областа на одбраната, врз основа на европски стандарди за современи армии и во согласност со потребите на Армијата на Република Македонија.

Што се однесува на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, за разлика од постојното законско решение, кое Воената академија ја дефинира исклучиво како самостојна високообразовна установа, со предложените измени и дополнувања на Законот, се дава можност Академијата да биде и придружна членка на некој од постоечките универзитети.

На овој начин се овозможува користење на постојните ресурси и интердисциплинарност во рамките на Универзитет, со што за спроведување на предложениот закон не се потребни дополнителни финансиски средства.

Комисијата едногласно констатира дека Предлогот на законот за Воена академија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click