Активности



Четврток, 10 септември 2009 година

Шеста седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на 9 септември 2009 година ја одржа шестата седница, на која ги разгледа Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010-2012 година и Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија.

Врз основа на расправата во врска со Предлог-буџетското барање на  Собранието  на  Република Македонија за 2010 година и периодот 2010-2012 година, Буџетскиот совет со 5 гласа „за“ и 2 „воздржани“ ги усвои следните заклучоци:

  1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија го разгледа и го прифати Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010 - 2012 година;
  2. Овој заклучок на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија да се достави до Министерството за финансии (Владата на Република Македoнија.

Во однос на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија, Буџетскиот совет едногласно ги усвои следните заклучоци:

  1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија констатира дека во Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година, во Разделот 02001 Собрание на Република Македонија има отстапување од Буџетот на Република Македонија за 2009 година;
  2. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија ги поддржува амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година, на Раздел 02001 Собрание на Република Македонија, изготвени од Службата на Собранието;
  3. Овој заклучок да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија и до Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија.
Click