Активности

Среда, 26 август 2009 година

Шведското претседателство со ЕУ ќе го посети Европскиот парламент

Шведски министри и службени лица од 1 до 3 септември ќе бидат во посета на новиот Европскиот парламент во Брисел. Тие како претставници на Шведското претседателство со Европската унија пред Комисиите на Парламентот ќе ги претстават приоритетите на нивната земја за време на претседавањето со Унијата. 

Целта на средбите е да се информира Европскиот парламент за она што планира да го сработи Шведското претседателство во рамките на секоја политичка област. Тие исто така претставуваат можност членовите на Парламентот да ги претстават своите ставови и да поставуваат прашања.

Шведска го презеде ротационото претседателство со Европската унија на 1 јули годинава и ќе го води шест месеци, односно до крајот на 2009 година.

Официјален Стокхолм при преземањето на претседателството како приоритети ги издвои справувањето со економската криза и со климатските промени, како и стапувањето на сила на Лисабонскиот договор.
Click