Активности



16.01.2009

Соопштение за учество на Делегација на Собрание на Република Македонија на Заеднички состанок на комисиите на националните парламенти и претставници од Европскиот парламент во Брисел

Сектор за истражување, анализа, библиотека и документација

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Оливер Деркоски, заменик-претседател на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Весна Бендевска, претседател на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе учествува на Заедничкиот состанок на комисиите на националните парламенти и претставници од Европскиот парламент на тема "Напредок во областа на слободата, безбедноста и правда", кој ќе се одржи на 19 и 20 јануари 2009 година во Европскиот парламент во Брисел. На состанокот ќе учествуваат пратеници од националните парламенти на сите земји-членки на ЕУ, земјите-кандидати, како и пратеници од Европскиот парламент.

Состанокот ќе го отвори г. Жерард Депре, претседател на Комисијата за човекови слободи, правда и домашни работи во Европскиот парламент, г. Петер Крил заменик- претседател на Комисијата за европски прашања на Чешкиот дом на заменици и г.  Лудџек Шефзиг, претседател на Комисијата за европски прашања на Претставничкиот дом на Чешка. Темите на состанокот ќе бидат од областа на слободата, безбедноста и правдата, односно првата сесија за идната "Повеќегодишна програма во областа на слободата, безбедноста и правдата", втората сесија на тема на "Европското државјанство и слободата на движење на граѓаните на Европската унија и нивните семејни членови",  третата сесија на тема "Критичките аспекти за предлогот за ревизија на регулативата 1049/2001 за пристапот на јавноста до документите на Европската унија" и четвртата сесија на тема "Транспарентноста во процесот на донесување на одлуки во Европската унија".

Со сесиите ќе претседаваат г.  Жерард Депре, претседател на Комисијата за човекови слободи, правда и внатрешни работи во Европскиот парламент, г.  Петер Крил, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања на Чешкиот дом на заменици и г. Лудџек Шефзиг претседател на Комисијата за европски прашања на Претставничкиот дом на Чешка. На состанокот ќе учествуваат и г. Жак Баро, заменик- претседател на Европската комисија одговорна за слободата, безбедноста и правдата, г-ѓа Адина Јоана Велеан и г-ѓа Урсула Гацек, членови на Комисијата на Европскиот парламент за човекови слободи, правда и внатрешни работи, г. Александр Вондра, вицепремиер на Чешката Република  претставувајќи го претседателството на Советот во Европската унија, г-ѓа Беатрис Аск, министер за правда на Кралството Шведска, г.  Кимо Саси, претседател на Комисијата за уставно право на Парламентот на Финска и г. Никифорос Диамандорос од европскиот Омбудсман

Click