Активности



ПОНЕДЕЛНИК, 26.01.2009

Соопштение за учество на пратениците г. Горан Сугарески и г. Блерим Беџети на Парламентарен состанок на тема „Безбедна и одржлива енергија за Европа“ во Прага

Во заедничка организација на Европскиот парламент и Чешкиот парламент, на 25 и 26 јануари 2009 година во Прага, Чешката Република, се одржува Парламентарен состанок на тема: "Безбедна и одржлива енергија за Европа".

На овој состанок од Собранието на Република Македонија ќе учествуваат пратениците: г. Горан Сугарески и г. Блерим Беџети.

На Состанокот се поканети претседателите на релевантните парламентарни комисии од парламентите на земјите-членки на ЕУ, Европскиот парламент како и од земјите-кандидати. Темите на заедничката дискусија и размената на мислења ќе се води за: енергетските прашања и особено за искуствата на Европската комисија на полето на Европската енергетска политика, безбедносните аспекти на енергетската политика и либерализација на истата, како и за Конвенцијата на ОН за климатски промени и приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ во облста на климатските промени и политиките во заштитата на животната средина.

Исто така, чешкиот министер за индустрија и трговија ќе ја презентира Програмата на чешкото претседателство со ЕУ во областа на енергетската политика.     

Click