Активности

 Среда, 9 декември 2009 година, Париз

Учество на пратеникот Андреј Жерновски на комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Пратеникот Андреј Жерновски учествува на состанокот на Комисијата за миграции, бегалци и население на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и на Регионалната конференцијата за миграции и насилство врз жените во Европа, организирана од Советот на Европа и Интерпарламентарната унија, кои се одржуваат од 9 до 11 декември 2009 година во Париз.

На Комисијата за миграции, бегалци и население, г. Жерновски ќе информира за работата на Меѓународната конференција за миграциите на Ромите и слободата на движење на која учествуваше како претставник на Комисијата на 9 и 10 ноември 2009 година во Виена.

На Регионалната конференцијата за миграции и насилство врз жените во Европа, пратеникот Жерновски ќе има улога на претседавач во делот од сесијата на кој  ќе се расправа за прогонот врз основа на полот, односно формите на насилство врз жените, како сексуалното насилство во време на вооружени конфликти, домашното насилство, присилните бракови и други напади на физичкиот и психичкиот интегритет на жените, кои ги тераат да ги напуштаат своите држави и да бараат азил.

На сесијата ќе се разгледува имлементацијата во европските држави на Водечките принципи за прогонот врз основа на полот, објавени од високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во 2002 година, како и начините да се избегне дискриминацијата на жените во државите во кои пристигнуваат како мигранти.

Click