Активности



Петок, 11 декември 2009 година

Средба на координатори на пратенички групи во Собранието на Република Македонија со г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија

Координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија денеска имаа средба со претседателот на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија, г. Хери Џенкинс.

На средбата г. Хери Џенкинс истакна дека му е многу мило што се наоѓа во Република Македонија, затоа што доаѓа од изборна единица која го содржи најголемото македонско гласачко тело во Австралија и дека преку него е запознат со политичката сцена на Република Македонија.

Претседателот на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија, г. Хери Џенкинс беше запознаен со функционирањето на Собранието на Република Македонија и со редовните координации на координаторите, потпретседателите и претседателот на Собранието на Република Македонија, при што беше истакнато дека кај претседателот се препознава волја за она што ќе се договори на координација да се реализира.

Оваа средба е убав почеток за продлабочена комуникација меѓу двата парламента во сите сфери на општеството.

 

Click